10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBM го превзема Trusteer

IBM го превзема Trusteer

ibm1

„IBM“ потпиша договор за купување на компанијата за безбедност „Trusteer“ и ги најави своите планови за формирањето на софтверска лабараторија во Израел.

Финансиските услови за купување сеуште не се обелоденети, а со своите филијали во Бостон и Тел Авив, „Trusteer“ е провајдер на технолошки решенија и услуги за превенција од сајбер криминалот, чии корисници се некои од најголемите банки на територијата на САД, Канада и Австралија.

Со ова превземање, „IBM“ ќе си обезбеди голем број на можности во оваа област.

Освен тоа, технологијата на „Trusteer“ ќе ги надополни услугите на „IBM“, „QRadar“, „ i2“, „SPSS“, „ InfoSphere“ и „Enterprise Content Management“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП