16 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИНеизвесноста продолжува

Неизвесноста продолжува

forex

Неделна фундаментална анализа за 19-23 Август

Почетокот на тргувањето во оваа недела би требало да почне смирено без поголеми или непредвидени јаки движења на пазарот кај сите валутни парови заради немањето позначителни објави на официјални економски показатели. Дури ни политичките случувања (Египет, Тунис, Сирија ..) скоро воопшто не извршија некакво влијание на пазарите.

Ваквиот летаргичен летен ритам на пазарот би требало да се задржи барем до среда попладне кога првата поважна вест ни стигнува од САД за бројот на продадените домови во препродажба, а потоа многу поважниот извештај на американскиот пазарен комитет кој ги дава размислувањата, предвидувањата но и препораките за насоките во кој треба евентуално да се дејствува. Иако е многу веројатно дека ќе ја слушнеме актуелната веке добро познатата реторика за зависноста и условеноста на траењето на програмата за купување на обврзници од подобрувањето на следните економски показатели сепак евентуалното посочување на определен период за отпочнување со намалување на откупните количини обврзници може да предизвика поголемо придвижување на цените на сите пазари каде доларот се тргува или има влијание. Доколку биде експлицитно посочен Септември во тој случај многу е веројатно да видиме нагло јакнење на доларот и можен пад на цената на златото. Доколку како рок се посочи крајот или почетокот на следната година веројатно ќе продолжи трендот на благиот пад на доларот кој траеше до средината на минатата недела.

Во Среда према Четврток Кина го објавува прелиминарниот индекс на индустриско производсто кој е доста важен показател за трендот на економијата. Овој индекс има големо влијание на идното расположение на инвеститорите и потрошувачите општо, а посебно на аустралискиот долар кој е многу зависен од побарувачката на Кинеската индустрија за суровини и глобално на цените на сите материјали и суровини. Поголемо позитивно отстапување би влијаело посебно позитивно на австралиски долар кој изгуби доста од својата вредност последно време, а негативно отстапување би било негативно за австралискиот долар а позитивно за американскиот долар и јапонскиот јен како валути со релативна стабилност.

Во Четврток веке Европа ги објавува прелиминарнити показатели за нарачките во индустријата, многу важни заради очекувањето на добри резултати кој би го потврдиле срамежливиот излез на Европа од долгата 18 месечна рецесија. Добрите резултати на овие индекси можно е да дадат позитивно расположение за купување на евро и општо за купување на ризик (поготово акции на европски компании кој стануваат интересни и заради можниот раст на еврото во однос на сите валути со што дополнително добиваат на вредност).

Исто така во Четврток во САД започнува еден многу важен настан а тоа е економскиот симпозиум во Џексон Хол. Анализите, размислувањата, дискусиите и предвидувањата кој се презентираат може да имаат некакво влијание на пазарот. Овој симпозиум завршува во Сабота кога е можно да се сублимираат некакви заклучоци што можат да предизвикаат отварање на пазарот следната недела со поголеми ценовни отсапки во непредвидена насока.

Во петок единствен важен показател кој се презентира е бројот на продадени новоизградени домови во САД.

 

Мислење

До Среда попладне би требало да се задржат постоечките нивоа на опсегот на тргување. Кај Еур/Усд од 1.32 до 1.34 и во тој контекс препорачливо би било да се тргува стратегија соодветна за рамен пазар поточно со лимит налози малку над 1.32 и малку под 1.34 кој би земале профит во средината на опсегот околу 1.33. Доколку дојде до појак пробој на овие граници во овој период многу е веројатно е развлекување на опсегот во границите до 1.31 ако е движењето надолу и 1.35 ако е пробојот нагоре но со минимална веројатност за да понатамошно движење до.

Од Среда попладне со оглед на големиот број на настани односно податоци кои би можеле да повлијаат на пазарот можно е поголемо придвижување и соодветно е да тргуваме со стратегија базирана на моментум. Односно влез во насока на придвижување на пазарот (посебно при пробивање на нивоата 1.32 надолу или 1.34 нагоре доколку цената претходно била во овие граници) и излез со поголем профит некаде пред затворање на пазарот во петок или  обавезен излез со мал минус односно на по можност на нула доколку цената повторно се врати во опсегот.

Доколку расположението и показателите се генерално позитивни во континуитет може да дојде за брзо време до нагло паѓање на вредноста на швајцарскиот франк кој веке подолго време со помош на интервенции на централната банка заштитен од јакнење према еврото. Бидете спремни за реакција на евро/франк со куповен стоп налог.

Бидете внимателни со вестите кој доаѓаат од САД бидејки може во вакви околности (неизвесност во врска со опоравувањето на глобалната економија), иако нелогично, лошите вести да имаат повеќе негативно влијание на останатите валути а позитивно влијание на американскиот долар заради преовладување на општ економски песимизам во таков случај. Во таков случај единствена препорака е краткорочно продавање на американски долар и купување на јапонски јен.

Заради завршувањето на економскиот симпозиум во Сабота со неизвесни заклучоци кои веројатно ке повлијаат на пазарот во следната недела да отвори со ценовна разлика, препорачливо е да не се држат отворени позиции за време на викендот.

 

Извор: Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП