25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба Ангеловска-Бежоска - Бас: Одговорот за побрзо надминување на кризата лежи во...

Средба Ангеловска-Бежоска – Бас: Одговорот за побрзо надминување на кризата лежи во вложување во дигитализацијата и човечкиот капитал

Стимулирањето на продуктивноста и зајакнувањето на отпорноста на економијата, се одговорот за побрзо надминување на последиците коишто пандемијата ги нанесе на економијата. Повисока продуктивност може да се постигне преку инвестиции во човечки капитал, иновации и технолошки прогрес, што пак, ќе придонесе за забрзан и одржлив економски раст. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и советникот за политички прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава, Џерек Бас.

Користењето на придобивките од дигитализацијата, усвојувањето на нови производи и процеси, му овозможуваат на приватниот сектор побрзо да одговори на потребите кои ги наметнува новата состојба. Оттаму, вложувањето во новите технологии, со паралелно инвестирање во човечкиот потенцијал – подобрување на квалификациите и креирање на нови вештини, се начин за враќање на економиите во позитивната зона, а потоа и на патеката на одржлив економски раст, беше посочено на средбата.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна на ефекте од пандемијата врз домашната економија, којашто минатата година забележа пад од 4,5,%, слично на просечниот пад во земјите од регионот. Притоа таа посочи дека без интервенцијата на монетарната и фискалната политика, падот на економската активност веројатно би бил поголем. Во однос на централната банка, беше укажано дека уште од почетокот на кризата, монетарната политика беше релаксирана, а воедно беа преземени мери со кои се овозможи регулаторна флексибилност и привремено олеснување на финансискиот товар на приватниот сектор. Ваквите мерки озвозможија зголемување на ликвидноста во економијата, полесен  пристап до финансирање и поддршка на економската активност. Имено беше посочено дека кредитната активност континуирано расте, а воедно се намалува и цената на кредитирањето. Овие движења на кредитниот пазар се поддржани и од стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор, што се огледа од неговите добри перформанси и ниската стапка на нефункционални кредити.

Во вакви околности, како и во услови на подобрување на епидемиолошката состојба и стабилизирање на довербата беше констатирано дека домашната економија постепено закрепнува. Во првата половина од годината остварен е раст на бруто-домашниот производ од 5,2%, што речиси се совпаѓа со проекциите на Народната банка за овој период (5,4%).

Ангеловска-Бежоска се осврна и на прашањето за инфлацијата, при што беше истакнато дека во глобални рамки, се забележува забрзување на инфлацијата под влијание на растот на цените на примарните производи и привремени фактори предузвикани од пандемијата Стабилизирање на растот на цените се очекува веќе во текот на следната година, а движењата постојано и внимателно се следат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП