25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Новата германска влада ќе наследи солидна економија

Бундесбанк: Новата германска влада ќе наследи солидна економија

Новата германска влада ќе наследи економија која бележи брз раст на активноста во последните месеци, покажа во понеделникот извештајот на централната банка.

„Економијата најверојатно ќе порасне посилно во третиот квартал отколку во пролетта како целина“, се вели во месечниот извештај на Бундесбанк за септември.

Најголемата европска економија закрепна од слабиот почеток на годината благодарение на олеснувањето на ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот.

„Во летото 2021-ва година, закрепнувањето на германската економија, кое започна во пролетта, продолжи“, се вели во соопштението на Бундесбанк.

„Личната потрошувачка и услужниот сектор се опоравија особено силно, благодарение на ублажувањето на ограничувањата за коронавирусот, кои оттогаш се во голема мера укинати“, додаваат тие.

Индустријата, пак, страда од проблеми со набавката на средни производи и суровини.

„Последица е континуирано значајно заостанување во нивото на производството зад силната побарувачка“, посочуваат во централната банка.

„Индустриското производство во јули, секако, се зголеми за прв пат по четири месеци, но ова главно може да се припише на летните одмори“, предупредуваат тие.

Јавноста во Германија во моментов е преокупирана со парламентарните избори в недела. Нецелосните официјални резултати објавени вчера покажаа дека социјалдемократите освоија тесно мнозинство од 25,7 проценти од гласовите, наспроти 24,1 проценти од ЦДУ/ЦСУ.

Двете големи партии започнаа разговори за повторно воспоставување голема коалиција, пишува ДПА.

Бизнис лидерите ги повикаа да избегнат политичка неизвесност и да формираат коалиција што е можно поскоро, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП