17 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАФајзер тестира орален антиковид лек

Фајзер тестира орален антиковид лек

Фајзер објави дека започна голема студија во која тестира орален антивирусен лек за спречување инфекција од Ковид-19 кај оние кои биле изложени на вирусот.

Студијата од средна и доцна фаза ќе го тестира лекот Pfizer PF-07321332, на 2.660 здрави возрасни учесници, на возраст од 18 години и повеќе, кои живеат во исто домаќинство со лица со потврдена симптоматска инфекција на Ковид.

Лекот PF-07321332, според соопштението, е дизајниран да ја блокира активноста на клучниот ензим потребен за размножување на коронавирусот, заедно со ниска доза на ритонавир, постар лек широко користен во комбинирани третмани за ХИВ инфекција, објави Ројтерс.

Агенцијата потсетува дека лекот ремдесивир од компанијата „Гилеад“, кој се дава интравенозно, во моментов е единствениот што е одобрен во САД за лекување на пациенти заразени со „Ковид“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП