19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој го измисли 8 часа работно време?

Кој го измисли 8 часа работно време?

Минатата година, Шведска го прослави новиот милениум со голема иновација: работен ден кој трае 6 часа. Сон наречен од “9 до 3”.

Сепак, 8-часовниот модел на работа е се уште актуелен во светот, па се поставува прашањето, од каде е 8 часа работно време?

Вистинска идила

И уште подобро: повеќето компании овозможуваат флексибилност во одреден период од денот. Замислете – да станете наутро, да го шетате кучето, да појадувате, да одите на базен, на пример. Или само да спиете подолго.

Потоа одите на работа свежи и токму кога мислите дека целата концентрација е исчезната со гужвите, гледате во часовникот – и тоа е тоа! Можете да излезете надвор. Не знам дали е глобален феномен, но во канцелариите периодот од 3 до 5 е секогаш најкритичен – сите оние намуртени лица и пишување кое полека се претвора во удирање на тастатурата. Но, многу одамна – поточно, пред цел век, работното време од осум часа беше луксуз и идеја што промени се во умот на тогашниот работник.

Битката беше долга и тешка

Тоа беше 1817 година. Со своите бедни плати, луѓето главно работеле онолку колку што ги држат нозете, така и си ги обезбедувале основните средства за егзистенција – леб и покрив над главата. Долго време се работело од изгрејсонце до зајдисонце, шест дена во неделата. Потоа се појави човек кој се осмели да го предложи неверојатното: работен ден скратен од 17 на 10 работни часа, вклучително и двочасовна пауза за појадок и ручек. Неговото име беше Роберт Овен, кога Маркс и Енгелс подоцна ќе се приклучат во редовите на утопистичките социјалисти.

Војната за тој ден, сепак, не помина без проблеми. Навикнати на маскиран феудален систем, сопствениците на фабрики и други работодавци не се откажаа баш така. Овен не се откажа, додавајќи уште барања на неговата листа:

-забрана за работа за деца под 10 -годишна возраст
-организација на градинки и основни училишта за граѓаните
-хуманизација на работничките населби
-формирање производствени задруги.

Во истата година, Овен започнал кампања под следниот слоган:

„8 часа работа, 8 часа рекреација, 8 часа спиење!

Ваквата драстична идеја, се разбира, наишла на отпор, но и со симпатии на многумина. Иако не беше веднаш спроведено, многумина се приклучија на движењето, што доведе многу работодавачи да ги подобрат условите за работа на своите вработени до одреден степен. Во 1847 година, мнозинството прифати правило со кое се забранува жените и децата да работат подолго од 10 часа. Беа потребни уште 40 години за Конгресот на Британската трговска унија да ја прифати крајната визија за осумчасовна работа, под притисок на Осумчасовна лига, предводена од Томас Ман, уште еден Британец и борец во индустриската револуција, кој овозможи визијата на Овен да живее.

Народот победи

Од другата страна на океанот, се случувало истото: Првата првомајска парада се одржала во 1886 година, кога околу 350.000 работници излегле на улиците да протестираат и да бараат осумчасовен ден. И тие победиле. Делумно. Фабриките полека почнале да прифаќаат нови услови и да се прилагодуваат на барањата. Сепак, експлоатацијата на луѓето се уште била легална и дури во дваесеттиот век овие правила и заштитата на работниците биле ставени на хартија.

Првиот чекор го направил Ford Motor Company, кој не само што го стандардизирал работното време од осум часа, туку и двојно ги зголемил дневниците. Продуктивноста и посветеноста на работниците пораснала толку многу што за неколку години годишниот профит на компанијата исто така се удвоил. Примерот оживеа, а останатото е историја. Многу компании почнаа да го следат моделот на Форд, пренесува порталот.

Повеќе од еден век по првата иницијатива на Овен – поточно, 120 години подоцна, осумчасовното работно време е стандардизирано во западниот свет. Работната недела сега официјално брои 40 часа, а прекувремената работа се наплатува дополнително (барем така велат). Голема победа.

Меѓутоа – целиот век помина од тој момент, и ние сме се уште на иста страница, иако технологијата се разви до тој степен што производството денес и на крајот на 19 век нема ниедна сличност. Што ни кажува тоа? Шведска понуди одговор. Сега ни треба само еден утопист ќе го пренесе понатаму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП