29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија ќе биде првата земја во светот која издава NFT токени

Словенија ќе биде првата земја во светот која издава NFT токени

Технолошкиот парк Љубљана, Министерството за економски развој и технологија и Јавната агенција СПИРИТ Словенија ја зајакнуваат својата улога во претставувањето на Словенија на EXPO DUBAI 2020 со воведување незаменливи токени (NFT).

Така Словенија е ставена на мапата на најнапредните дигитални земји со разбирање за развојот на блокчејн технологијата, која е една од технологиите на иднината. Првата колекција незаменливи токени беше создадена за промовирање словенечки решенија во економската област.

NFT ќе претстави колекција уникатни дигитални 3D експонати и ексклузивни панорамски фотографии, односно фотографии со висока резолуција од 360 степени. Посетителите ќе добијат NFT во форма на подарок или дигитален сувенир бесплатно при посета на словенечкиот павилјон EXPO DUBAI 2020, пренесува Computer News.

Вчера, на Европската недела на блокчејн, државниот секретар во Министерството за економски развој и технологија Симон Зајц гордо објави дека Словенија ќе биде првата земја во светот што ќе издаде NFT за промовирање на достигнувањата на економијата и туристичките дестинации.

Зајц додаде дека на овој начин Словенија на EXPO DUBAI 2020 се претставува како иновативна, дигитална и паметна дестинација, чијшто павиљон дефинитивно вреди да се посети поради уникатната зелена фасада, интересната содржина, новите деловни можности, а особено поради NFT..

NFT (не-заменлив токен) е единица податоци складирани во дигитална книга наречена блокчејн која потврдува дека дигиталните средства се единствени и дека не можат да се заменат.

NFT може да се користи за да претставуваат елементи како што се фотографии, видеа записи, аудио и други видови дигитални датотеки.

Пазарот NFT расте неверојатно, а неговиот развој е одлична можност да се претстават дигитални уметнички производи и услуги од областа на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП