8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТНајмалку пет лица застрелани пред ресторан на Менхетен, меѓу нив и напаѓачот(ВИДЕО)

Најмалку пет лица застрелани пред ресторан на Менхетен, меѓу нив и напаѓачот(ВИДЕО)

Најмалку пет лица се застрелани во пукотници пред еден ресторан на Менхетен рано утрово, соопшти њујоршката полиција.

Полициските службеници биле во близина на инцидентот кога го виделе напаѓачот како пука при што биле застрелани четири лица околу 4 часот наутро.

Полицијата потоа го застрела осомничениот, 30-годишен маж. Тој бил префрлен во болницата Харлем со повреди кои не се опасни по живот, пишуваат тамошните медиуми.

Според очевидци, група луѓе оделе по улицата кога еден човек застанал пред нив и почнал да пука.

Останатите жртви во инцидентот се надвор од животна опасност , соопшти полицијата, а мотивите за нападот се уште не се разјаснети.

Според последните информации, човек на возраст од околу 30 години пукал во најмалку четири лица, додека бил ранет во судир со полицијата.

Засега нема информации дали некој од застреланите починал како резултат на повредите.

Американските медиуми пренесуваат дека напаѓачот бил застрелан во колкот откако пукал во нив кога пристигнала полицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП