27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНето богатството на Американците се искачи на нов рекорд

Нето богатството на Американците се искачи на нов рекорд

Нето богатството на американските домаќинства се зголеми на нови рекордни нивоа во вториот квартал од 2021-ва година, главната причина за тоа се добрите перформанси на берзата и порастот на цените на недвижностите, пишува „Bloomberg“.

Податоците од Федералните резерви покажуваат дека богатството на американските домаќинства се зголемило за 5,8 трилиони долари (4,3%) на рекордни 141,7 трилиони долари на крајот на вториот квартал.

Вкупно 3,5 трилиони од ова зголемување се должи на зголемувањето на главните показатели на пазарот на капитал, а уште 1,2 трилиони долари се од растот на цените на недвижностите во земјата.

Американските берзи достигнаа рекордно ниво, а ниските каматни стапки на хипотеките поддржуваат зголемено купување имот, што на крајот доведе до повисоки цени.

Според надворешните податоци, учеството на акциите во вкупната актива на домаќинствата се зголеми во вториот квартал на речиси 29,5%, наспроти 25,6% во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП