25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ е подготвен да го зголеми снабдувањето со гас за Европа

„Газпром“ е подготвен да го зголеми снабдувањето со гас за Европа

Коментарите дека „Газпром“ не ги исполнува своите обврски според договорите со европските клиенти се „политичка пропаганда“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во интервју за ТВ каналот „Русија 1“. Според него, гасниот гигант е дури подготвен да ги зголеми испораките за Европа, пренесе ТАСС.

Портпаролот на Кремљ ги обвини САД дека се обидуваат да го зголемат транзитот на природен гас преку Украина.

„„Газпром“ ги исполнува сите дополнителни барања за снабдување со природен гас и ниту еден клиент нема побарувања. Не може да има“, објасни Песков.

Цената на природниот гас во Европа расте со недели и е на највисоко ниво од 2013-та година. Од почетокот на годината, цената на суровините порасна за 250%. Многу аналитичари го посочуваат брзото закрепнување на европската економија по пандемијата на коронавирусот, како и недостатокот на доволни резерви, како главна причина за ова.

Од „Газпром“ велат дека ги исполнуваат сите обврски од договорите со своите европски клиенти, но тоа не е така, според Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). 40 европратеници побараа од ЕК да ги испита постапките на „Газпром“, сомневајќи се на прекршувања што доведуваат до зголемување на цените.

Многу аналитичари, исто така, посочуваат дека набавките најверојатно ќе се вршат на сметка на гасот во складишните објекти што ги контролира „Газпром“ во Европа. Ова исто така ги објаснува ниските количини на складирање со кои ќе се соочи Стариот континент во зима.

„Дали „Гаспром“ е подготвен да потпише повеќе договори? „Газпром“ е заинтересиран за ова бидејќи европските потрошувачи се нашиот главен партнер“, рече Дмитриј Песков во врска со ситуацијата на пазарите на природен гас во Европа.

Акциите на Москва околу Северен тек 2, исто така, предизвикуваат сомневања за намалување на снабдувањето. Многу набљудувачи веруваат дека Русија создава вештачки дефицит за да ја покаже важноста на новиот гасовод и да добие побрзо одобрување за неговата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП