4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: СТО да пресуди за царините на увоз на европски челични цевки...

ЕУ: СТО да пресуди за царините на увоз на европски челични цевки во Кина

kina

ЕУ ја повика Светската трговска организација (СТО) да донесе пресуда околу антидампинг царините на увоз на европски челични цевки во Кина, откако пропаднаа преговорите со Пекинг.

Европската унија, која во јуни преговараше со Пекинг во рамки на СТО, повторува дека царините во Кина не се во согласност со прописите на организацијата.

– ЕУ продолжува да се бори против неоправданите кинески заштитни мерки во трговијата, кои не се во согласност со прописите на СТО и често се воведуваат како реакција на претходните спорови, рече еврокомесарот за трговија Карел де Гухт.

Брисел и Пекинг се спорат околу низа проблеми, но Де Гухт наведува дека „пријателското“ решение постигнато минатиот месец околу европските антидампинг царини на увоз на кинески соларни панели би можело да помогне и во решавањето на останатите спорови.

ЕУ и Кина се големи трговски партнери, а нивната билатерална трговија минатата година изнесуваше околу 550 милијарди долари.

Брисел на 13 јуни првпат се обрати до СТО поради царините на увоз на челичните цевки во Кина, кои, како што наведува, значително го отежнуваат влезот на кинескиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП