26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗУште два модели на „Porsche“ стануваат целосно електрични

Уште два модели на „Porsche“ стануваат целосно електрични

Спортските автомобили „Porsche 718 Cayman“ и „Boxter“ ќе се префрлат на целосно електричен погон во 2025-та година. Ова го објави британското издание „Car“, повикувајќи се на извори од германската компанија.

Претходно оваа година, „Porsche“ рече дека сѐ уште не е јасно дали следната генерација „718“ ќе стане електричен автомобил или ќе ги задржи бензинските мотори. Проблемот беше што инженерите на марката не беа сигурни дали автомобилот ќе ги задржи импресивните перформанси со инсталирање на електричен мотор.

Според последните информации, одлуката е веќе донесена и „Porsche“ планира во 2025-та година целото семејство да добие електричен погон. Така, двата спортски модели ќе се приклучат на кросоверот „Macan“, кој исто така се префрлува на електрична енергија во 2024-та година.

Единствениот проблем што „Porsche“ треба да го реши е намалувањето на тежината на автомобилите. Компанијата развива намалена верзија на платформата за „РРЕ“ што ќе помогне во ова. Исто така, загрижува релативно ниската километража со едно полнење. Досега, тоа е само 340 километри, а компанијата има поставено цел од најмалку 402 километри.

Целосно електричниот „718“ ќе биде достапен како и досега во верзиите „Boxster“ и „Cayman“. Кабриолетот ќе го задржи својот лесен покрив од ткаенина и ќе добие механизам со мала тежина за да може да се отстрани од тежината на електричниот автомобил. И двете верзии ќе имаат погон на задните тркала во основната верзија, односно со еден мотор, и како опција ќе се нуди и втора која ќе биде погон на четири тркала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП