20 април, 2024
ПочетнаКОРОНАУчителка активна антиваксерка добила отказ: Ги повикувала родителите да не ги испраќаат...

Учителка активна антиваксерка добила отказ: Ги повикувала родителите да не ги испраќаат децата во „фашистички“ училишта

На наставничка во основно училиште во Марибор и било врачено решение за прекин на работниот однос бидејќи одбила да се тестира или вакцинира против Ковид-19, што е прв таков случај откако владата во Словенија ги заостри анти-епидемиските мерки поради ширењето на вирусот, пишуваат словенечките медиуми.

На наставничката и е одредена привремена забрана за работа од почетокот на учебната година бидејќи одбила да се тестира еднаш неделно и да носи маска во училницата, што е обврска пропишана од Министерството за образование, а сега и е врачен и отказ.

Според извештаите на медиумите, наставничката активно делувала во антиваксерска група, која неодамна упаднала во студиото на информативната програма, барајќи прекин на „пропагандата“ на владината кампања за вакцинација, и преку видео на Фејсбук ги убедувала родителите да не ги испраќаат своите деца во „режимски и фашистички училишта“, пренесува Хина.

Директорката на училиштето, Катја Прегл, изјави за мариборскиот весник „Вечер“ дека е отпуштена поради прекршување на работните обврски, со оглед на тоа што одбила да носи маска во затворени простории и не ги исполнувала таканаречените ПЦТ услови кои важат за вработените во училиштето за да можат да работат.

Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклукар изјави денеска дека ПЦТ условот поставен од владата со ограничувања веќе „дава резултати“, бидејќи бројот на новозаразени лица стагнира во последните денови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП