26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСпречен уште еден масакр во Русија

Спречен уште еден масакр во Русија

Уапен е студент на Филолошкиот факултет во рускиот регион Краснојарск, кој планирал убиство на колега, потврди директорот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин.

„ Го спречивме нападот во регионот Краснојарск, а студентот кој го планираше злосторството беше приведен“, рече Бастрикин, пренесе ТАСС.

Тој не даде повеќе детали, но потсети дека претходните години биле извршени повеќе од десет напади врз образовни институции во различни руски региони.

Во понеделникот, на 20 септември, студент од Државниот универзитет во Перм изврши терористички напад во студентски дом и уби шест лица, а повеќе од 40 рани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП