19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајпрофитабилниот тренер во 21.век – Диего Чоло Симеоне

Најпрофитабилниот тренер во 21.век – Диего Чоло Симеоне

Предводникот на Атлетико Мадрид, Диего Чоло Симеоне е најпрофитабилниот тренер во 21. век, покажува истражувањето на „Трансфермаркт“. Клубовите во кои работел, од трансферите, заработиле речиси 1.000.000.000 евра.

Симеоне во досегашната кариера работел во Расинг, Естудијантес, Ривер Плејт, Сан Лоренцо, Катанија и Атлеко Мадрид. Од трансферите на клубовите им овозможил заработка од 999.850.000 евра.

Според, „Трансфермаркт“, Чоло во својата кариера учествувал во 83 трансфери, најголем од нив е оној на Антоан Гризман. Францускиот ас во 2019 година се пресели во Барселона за 120.000.000 евра. Две недели претходно, Лукас Ернандес се пресели во Баерн за 80.000.000 евра. Истото лето, Родри беше продаден во Манчестер сити за 62.700.000 евра.

Од 83.трансфери, 28 се поврзани со Атлетико Мадрид, на чија клупа Чоло седи веќе 10 години. Низата ја прекинува трансферот на Хосе Соса од Естудијантес во Баерн Минхен за 9.000.000 евра.

Зад Симеоне се Португалците Леонардо Жардим и Жозе Мурињо.

Жардим, на клубовите во кои работел им заработил 963.140.000 евра. Најголем трансфер е оној на Килијан Мбапе од Монако во ПСЖ за 145.000.000 евра. Мурињо, работел во Порот, Челси, Реал, Интер, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Рома. Учествувал во продажба на 94 фудбалери, им овозможил на клубовите заработка од 772.750.000 евра.

Потоа следуваат Карло Анчелоти (девет клубови, 99 играчи, 759.540.000 евра), Масимилијано Алегри (шест клубови, 113 фудбалери, 723.840.000 евра), Жорж Жесус (шест клубови, 121 фудбалер, 732.570.000 евра), Рафа Бенитез (11 клубови, 101 играч, 671.750.000 евра), Роналд Куман (четири клуба, 74 фудбалери, 658.050.000 евра), Пеп Гвардиола (четир клуба, 74 фудбалери, 641.940.000 евра)…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП