27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајвредните брендови на пиво

Највредните брендови на пиво

Секоја пивара се стреми да даде jасна слика на своето пиво. Но кои се најпродаваните пива во светот? Пазарниот истражувачки институт „Millward Brown Optimor“ даде одговор на тоа прашање.

10. „Miller Lite Light“.

pivo10

Видовите на пива кои не ги почитуваме, особено во Европа се исклучително успешни во САД. „SABMiller“ го создава пивото „Miller Lite“ кое е во рангирањето на десетте највредни брендови пива. Од „Millward Brown Optimor“ го оценуваат брендот на 3 милијарди долари.

9. „Brahma“.

pivo9

Ова пиво задолжително треба да го пробате. Тоа го носи името на бразилската пиварница која го произведува. Вредноста на брендот, според маркетинг студиите на „Millward Brown Optimor“ е 3.8 милијарди долари. Брендот има освоено разни награди на промотивни фестивали за нејзиниот иновативен маркетинг.

8. „Aguila“.

pivo8

Пивото на колумбиската пивара „Bavaria“, која исто така и припаѓа на „SABMiller“ е во вредност од 3.9 милијарди долари.

7. „Guinness“.

pivo7

Светски познатото ирско „темно“ пиво се произведува во околу 60 земји и се продава во над 100 земји во светот. Овој бренд, според „Millward Brown Optimor“ е во вредност од 4.4 милијарди долари.

6. „Stella Artois“.

pivo6

Белгиското пиво е едно од најпознатите брендови на пиво на „Anheuser Busch“. Вредноста на брендот е 6.3 милијарди долари.

5. „Skol“.

pivo5

Најпопуларното пиво во Бразил исто така припаѓа на „Anheuser Busch Inbev“ – најголемата пиварница во светот. „Skol“ како бренд, според „Millward Brown Optimor“ е во вредност од 6.5 милијарди долари.

4. „Corona“.

pivo4

Во САД „Corona Extra“ е најдобро продаваното увозно пиво. Низ целиот свет, пивото кое се произведува во Мексико од страна на „Cervecería Modellо“, се продава многу добро. Брендот е во вредност од 6.6 милијарди долари.

3. „Heineken“.

pivo3

Холандскиот бренд е многу успешен и е во вредност од 8.2 милијарди долари. Од 1975-та година „Zoeterwoude“ е центар на производство за „Heineken“.

2. „Budweiser“.

pivo2

Покрај вода, хмељ и слад, во состојките на ова пиво има и ориз – и тоа околу 30 проценти. Брендот е еден од најпродаваните во САД и е во вредност од 9.4 милијарди долари.

1. „Bud Light“.

pivoq

„Light“ верзијата на „Budweiser“ постои од 1982-та година и е многу популарна во САД. „Millward Brown Optimor“ ја предвидува вредноста на брендот на 10.8 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП