27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW M4 Coupe Concept

BMW M4 Coupe Concept

m4

Наследникот на моделот „M3 Coupe“ конечно пристигна, а пред сериската верзија, „BMW“ најпрво ќе претстави концепт на овој автомобил.

„BMW“ го откри изгледот на концептот „M4 Coupe“ пред неговата премиера на манифестацијата „Pebble Beach Concours d’Elegance“ која се оддржува во Калифорнија.

Погледајте го видеото во кое неговите претходници го „дочекуваат“ својот наследник.

„BMW M4 Coupe“ е заснован на неодамна претставениот модел на Серија 4 „Coupe“. Надворешноста на концептот открива дека станува збор за автомобил кој ја носи ознаката „М“.

Испакнување на хаубата, големи усмерувачи на воздухот на браникот, вентилациски отвор на предните крила, карактеристични 20 инчни алуминиумски фелни, кров и заден дифозор изработени од јаглеродни влакна, сето тоа на прв поглед укажува за какво „BMW“ станува збор.

m41

Сепак тоа што фановите на овој автомобил најмногу ги интересира, нормално се спецификациите на моторот кој го придивижува, но „BMW“ се уште ги држи во тајност.

Во соопштението се наведува нешто што веќе го знаевме, а тоа е дека станува збор за мотор со „високи перформанси“ и со „огромна снага“. Во превод, тоа најверојатно значи дека под хаубата се наоѓа 3.0 литарски шестцилиндричен со околку 450 ks и максимален вртежен момент од 550 Nm.

m42

Според зборовите на шефот на „М“ одделението на „BMW“, Фридрих Ничке, „BMW M4 Coupe Concept“ ја претставува „M“ филозофијата и нејзината идеална форма, комбинација на мотор со тркачки гени со автомобил кој не е ограничен само за тркачката патека, туку може секојдневно да се користи.

Покрај овој концепт, очекуваме германскиот производител наскоро во јавност да ја претстави предсериската верзија на новата „BMW M3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП