19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина нема да гради електрани на јаглен во странство

Кина нема да гради електрани на јаглен во странство

Кинескиот лидер Си Џинпинг изјави дека Кина нема да прави нови проекти за електрани на јаглен во странство. Тој го искористи своето обраќање пред Генералното собрание на ОН за да ја повтори својата посветеност за справување со климатските промени.

Тој не даде детали, но во зависност од тоа како се спроведува политиката, овој потег може значително да го ограничи финансирањето на електрани на јаглен во земјите во развој.

Кина е под силен дипломатски притисок да го прекине финансирањето на електрани на јаглен во странство, бидејќи тоа може да му олесни на светот да ги исполни своите цели во климатскиот договор од Париз.

Објавата на Си следува по слични потези од Јужна Кореја и Јапонија претходно во оваа година, при што генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и американскиот пратеник за климата Џон Кери ја повикаа Кина да го следи примерот на другите азиски земји.

„Кина ќе ја зајакне поддршката за другите земји во развојот на зелена и нискојаглеродна енергија и нема да работи на нови проекти за електрани на јаглен во странство“, рече Си во претходно снименото видео обраќање на годишното генерално собрание на ОН , нагласувајќи ги мироубивите намери на Кина во меѓународните односи.

Кери веднаш ја поздрави објавата на Си, нарекувајќи ја „голем придонес“ и добар почеток на напорите потребни за постигнување напредок на Конференцијата на ОН за климата од 31-ви октомври до 12-ти ноември во Глазгов, Шкотска.

Тој зборуваше откако американскиот претседател Џо Бајден го имаше своето прво обраќање пред Обединетите нации. Тој посочи нова ера на жестока конкуренција без нова Студена војна и покрај подемот на Кина.

Во умерениот говор, Си директно не го спомена горчливото ривалство на Кина со САД, во кое администрацијата на Бајден ги стави политиките за ублажување на климатските промени како врвен приоритет и повика на соработка со Пекинг.

Тој ги повтори минатогодишните ветувања дека Кина ќе достигне го пикот во емисиите на јаглерод до 2030-та година и неутралност на јаглеродот до 2060-та година.

Неколку часа порано, без конкретно споменување на Кина, Бајден рече дека демократијата нема да биде победена од авторитаризмот.

„Иднината ќе им припадне на оние што им даваат можност на своите луѓе да дишат мирно, а не на оние што се обидуваат да го задават својот народ со „железна тупаница““, рече тој.

„Сите ние мора да го осудиме нападот и угнетувањето на расните, етничките и верските малцинства, без разлика дали се во Ксинџијанг, во северна Етиопија или во други делови на светот“, рече Бајден, мислејќи на западниот кинески регион каде властите создаваат мрежа на кампови за Ујгури и други муслимански малцинства. Кина ги отфрла обвинувањата за злоупотреба во Ксинџијанг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП