20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗаборавен концепт: „Peugeot 907“ со V12 мотор (ФОТО/ВИДЕО)

Заборавен концепт: „Peugeot 907“ со V12 мотор (ФОТО/ВИДЕО)

Концептните автомобили се дизајнирани да ги покажат тековните конструктивни и дизајнерски достигнувања на одреден производител, но и да ја разбудат имагинацијата на љубителите на четири тркала.

Еден таков е „Peugeot 907“, првпат претставен во 2004-та година, а „DriveTribe“ нѐ враќа речиси две децении назад низ приказната за овој уникатен концепт и како настанал.

Нарачан како студија за славење на новиот дизајнерски центар на компанијата, ова купе со погон на задните тркала и каросерија од карбонски влакна, има моќен V12 мотор, како класичните суперспортски автомобили.

Тоа е 6,0-литарска атмосферски агрегат, во основа создадена со спојување на две 3,0-литарски V6 единици од француски производител.

Вкупната моќност изнесува 506 „коњски сили“ (372 kW), а благодарение на каросеријата од карбонски влакна и тежината од само 1.400 килограми, концептот до „стотка“ забрзува за помалку од 4 секунди.

Од „Peugeot“ тврдат дека максималната брзина на автомобилот е над 350 km/h.

За жал, француската компанија никогаш немаше намера со „907“ да се оди чекор понапред од концептот, така што овој спектакуларен автомобил остана како потсетник за она што „Peugeot“ успеа да го направи во 2004-та година.

Денес, „907“ е дел од изложбата во музејот на „Peugeot“, помалку заборавен од љубителите на автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП