20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКолку е безбеден новиот волан на Тесла: Има сериозни ризици при возењето(ВИДЕО)

Колку е безбеден новиот волан на Тесла: Има сериозни ризици при возењето(ВИДЕО)

Со неодамнешното редизајнирање на Model S, американскиот производител на електрични автомобили претстави опционален волан кој потсетува на оној на авионите.

Во споредба со класичниот волан, недостасува целиот горен дел од обрачот, и со причина, веднаш почнаа да се поставуваат прашања за безбедноста.

Американската организација која се занимава со заштита на правата на потрошувачите, Consumer Reports, го тестираше новиот волан, односно редизајнираниот Model S, по што, очекувано, изрази сомневање за безбедноста и функционалноста на таквиот волан.

Model S на Тесла го возеа десет тест-возачи и тие ги сумираа своите впечатоци.

Сите работи во возењето, за кои е потребно поголемо вклучување на воланот, се тешки за изведување, се наведува во заклучокот, а итните интервенции за да се избегнат опасностите на патот би можеле да бидат особено ризични.

Исто така, непријатно се дизајнирани трепкачите, кои сега се два прекинувачи на воланот, а истото важи и за сирената, како и бришачите на шофершајбната.

Сите овие функции се на воланот и постои реална можност да настане грешка, односно дури случајно да вклучите некоја од наведените функции.

За среќа, Тесла се уште нуди класичен волан.

https://www.youtube.com/watch?v=TXmg5GJV0_E

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП