Нов вид на коронавирусот со зголемена отпорност на антитела е идентификуван во дом за стари лица во Кентаки, каде веќе се заразени 45 корисници и вработени, пренесуваат медиумите во светот.
„Новиот вид, кој потекнува од Јапонија, е познат како „Р.1“ и содржи опасни мутации кои го подобруваат неговиот пренос, размножување и имунолошка супресија“, изјавија научниците.

