6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте јавниот долг на Шпанија

Расте јавниот долг на Шпанија

spanija

Јавниот долг на Шпанија порасна во јуни за повеќе од шест милијарди евра и се доближува до нивото кое е предвидено за крајот на тековната година, соопшти Националната банка на Шпанија.

Како што пренесуваат медиумите, вкупниот долг на крајот на јуни достигна износ од 943,7 милијарди евра што претставува 91,1 проценти од бруто домашниот производ на Шпанија и е блиску до вредноста од 91,4 проценти од BDP, предвиден за крајот на 2013-та година.

Во соопштението се вели дека односот на долгот спрема „BDP“ во Шпанија е пониско од европскиот просек (92,2 проценти) и беше значително помал од пред пет години (40 проценти), по што од почетокот на кризата „експлодираше“ и продолжи да расте до ден денес.

Шпанската влада предвидува дека тој износ на долгот би можел да кулминира во 2016-та година на 99,8 проценти од „BDP“, но некои од меѓународните организации, како „OECD“ или Европската комисија прогнозираат дека шпанскиот јавен долг во наредните пет години ќе помине 100 проценти од бруто домашниот производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП