26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГолем пад на вредноста на криптовалутите: Дали е ова причината зошто биткоинот...

Голем пад на вредноста на криптовалутите: Дали е ова причината зошто биткоинот и етерот потонаа?

Некои аналитичари големиот пад на пазарот на криптовалути го поврзуваат со проблемите на кинеската компанија Евергранде.

На сите им е јасно дека инвестирањето во криптовалути е нестабилно и ризично, и дека инвестицијата може да се удвои за кратко време, но може и брзо да се стопи. Пазарот е нестабилен и често се чини дека нема правила кои влијаат на падот и растот на валутите, но сепак желбата за брза заработка или надеж дека на долг рок станува збор за инвестиција која ќе заврши со зелена боја е посилна од претпазливоста при инвестирање во крипто.

Но, исто така, сите оние кои инвестираат во крипто, особено оние кои инвестирале поголеми суми пари, мора да бидат свесни дека повремено ќе има брз и голем пад на вредноста на криптовалутите, кои за еден ден или два може да исчезнат илјадници, па дури и милиони евра / долари инвестирани во биткоин, етер или кардано. Во моментов сме сведоци на таков период во кој криптовалутите станаа опасно црвени, додека загубата на вредноста на криптовалутите е двоцифрена.

Причините за овој пад, претпоставуваат некои аналитичари, треба да се бараат во – Кина. Имено, проблемите со гигантот за недвижности Евергранде предизвика шокови на светските берзи, а финансискиот свет со нетрпение го очекува исходот од драмата со презадолжената компанија чии приходи минатата година беа повеќе од сто милијарди долари. Со оглед дека државата веројатно нема да ја спаси оваа компанија, дури на интернет можеме да наидеме на споредби со колапсот на Леман Брадерс со кој започна големата финансиска криза во 2008 година.

Се надеваме дека такво сценарио нема да се случи, и ќе биде интересно да се види како пазарот на криптовалути ќе се движи понатаму, односно дали ќе закрепне, без оглед на задолжената кинеска компанија. На пример претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле е убеден дека овој пад на вредноста е всушност одлична можност за сите инвеститори, така што неговата држава купи 150 нови биткоини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП