25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМ6 Едукативен центар со нова програма за поттикнување на општествениот развој

М6 Едукативен центар со нова програма за поттикнување на општествениот развој

M6 Едукативниот центар започнува со спроведување на нова програма чија цел е поттикнување на општествениот развој и позитивна општествена трансформација во време на промени. Програмата насловена „М6 Чекор напред“ претставува платформа преку која еминентни лица од областа на политиката и економијата ќе дискутираат и ќе нудат предлог-решенија за актуелните теми и предизвици кои ги засегаат компаниите и граѓаните и кои се однесуваат на различните аспекти со кои може да се поттикне општествениот развој во земјата и регионот.

Во рамки на оваа програма, М6 Едукативниот центар ќе реализира серија настани, конференции и вебинари со низа познати говорници, врвни експерти и искусни функционери, познавачи на состојбите во регионот. На настаните ќе се анализираат актуелните проблеми од различни области, ќе се идентификуваат можни решенија и ќе се бараат одговори на прашањата кои го сопираат развојот и општествениот напредок, вклучувајќи ја и анализата на потребите и проблемите со кои се соочуваат компаниите како еден од чинителите за постигнување побрз економски развој.

Првиот од серијата настани е предвиден за 27 септември 2021 и ќе се одржи во форма на хибридна конференција под наслов „Разговори со лидери – Економски и политички перспективи за развој на Балканот”, на која лидери и докажани експерти ќе дебатираат за перспективите за развој на Балканот по 30 години од стекнување независност на повеќето држави во регионот. Ќе бидат отворени прашањата за постигнатото и за перспективите за развој, за геостратешките предизвици и предности, за влијанието на политиката врз економскиот развој, за можните решенија кон унапредување на квалитетот на живот и за предизвиците во однос на лидерството и човечкиот потенцијал.

Говорници на настанот се еминентни познавачи на состојбите во државата и регионот: Исак Адижес – светски признат консултант на влади и компании, поранешен професор на универзитетите Колумбија и Стенфорд, Рајнхард Прибе – поранешен директор на Европската Комисија, Зијад Бечировиќ – директор на Интернационалниот институт за Блискиот Исток и за Балканот, Горан Штрок – претседател и основач на „Јадрански луксузен развој” и Светозар Јаневски – претседател на „М6 Инвестиции”.

Програмата „М6 Чекор напред“ обезбедува содржини и едукација за индивидуален развој, за развој на компаниите и овозможува придонес кон општествениот развој. Заинтересираните може да добијат повеќе информации на www.m6.edu.mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП