26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто треба да направите пред да го продадете вашиот „iPhone“

Што треба да направите пред да го продадете вашиот „iPhone“

„Apple“ го претстави новиот „iPhone“ од 13-та генерација. Познато е дека вистинските обожаватели на „iPhone“ сакаат да бидат во чекор со овие уреди од генерација на генерација, па ако сте меѓу нив и планирате да го направите тоа повторно наскоро, треба да направите неколку чекори пред да се разделите со стариот уред.

Без оглед дали го давате вашиот „iPhone“ во замена „стар за нов“ за поновата верзија, без разлика дали го продавате или подарувате, првото нешто што треба да направите е да ги избришете сите податоци од него. Ова ќе го подготви уредот за идниот корисник, но исто така ќе спречи вашите податоци да не паднат во погрешни раце.

Бидејќи прво ги префрливте сите податоци на новиот телефон или направивте резервна копија, време е да ги избришете старите, потсетува „The Verge“.

Првото нешто што треба да направите е да го исклучите лоцирањето на уредот. За да го направите ова, отворете ги поставките на уредот по следниот редослед: Ѕettings > Find My > Find My Phone. Потоа исклучете ги опциите: Find My Phone и Find My Network.

После тоа, разделете ги сите други уреди поврзани со телефонот (слушалки, паметен часовник, итн.), потоа исклучете ги „iMessages“ и одјавете се од вашиот профил на „Apple ID“. Се одјавувате со внесување поставки за уредот, допирање на вашето име и потоа изберете го „Sign Out“ на дното на страницата. Телефонот ќе побара да ја внесете лозинката на „Apple ID“.

Кога ќе го направите ова, телефонот ќе ве потсети да направите резервна копија од вашите податоци. Се разбира, ако веќе сте го направиле тоа, нема да мора да го повторувате.

Конечно, отстранете ја „SIM“ картичката од телефонот, потоа одете во Settings > General > Transfer or Reset iPhone, потоа изберете ја опцијата Erase All Content and Settings.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП