27 април, 2024
ПочетнаКОРОНАКако функционира новата вакцина против корона која ја нарача Хрватска?

Како функционира новата вакцина против корона која ја нарача Хрватска?

Веста за новата протеинска вакцина на француската компанија „Санофи“, која наскоро треба да пристигне во Хрватска, го разбуди интересот кај луѓето колку е ефективна и како се разликува од останатите достапни вакцини.

Менаџерот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, објави дека Хрватска нарачала околу 300.000 дози од иновативната вакцина.

„Нарачавме околу 300.000 дози иновативна вакцина. Досега ги имавме векторската и mRNA, а оваа е протеин. Се најавува дека ќе биде многу ефикасна и е многу поевтина од mRNA“, рече Чапак и додаде дека и други земји нарачале од таа вакцина, од кој Германија резервирала најголеми количини.

Златко Тробоњача, еден од најпознатите имунолози во Хрватска, за Нова ТВ објасни дали е подобро, поефикасно и како се разликува од претходните вакцини.

Најверојатно ќе се дава една доза

„Тоа е директен протеин што влегува во нашето тело и веднаш се нуди на имунолошкиот систем. Овие вакцини се релативно слични со традиционалните вакцини на кои сме навикнати, односно вакцини против, на пример, тетанус и слично“, рече Тробоњача и претпоставува дека ќе се дава единечна доза.

„Ако Санофи на некој начин предвиди можност да произведе истовремено една поширока батерија на антитела, што не само што ќе опфати некаква оригинална форма на вирусот, туку и некои други видови, тогаш тоа би можело да биде поважно во борбата против постојните соеви.”

Само една работа загрижува

Сепак, вирусот постојано мутира, што отвара многу прашања.

„Ако вакцината беше произведена исклучиво против делта сојот, може да се случи пред да започнете со употреба на вакцината и да ја дистрибуирате, за што е потребно извесно време, зборуваме за милиони, стотици, милијарди дози, едноставно може да се случи тој вид да исчезне и да се појави друг вид кој воопшто не реагира на таа вакцина“, посочи Тробоњача.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП