26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЗошто експертите во САД не одобрија трета доза на вакцина за сите...

Зошто експертите во САД не одобрија трета доза на вакцина за сите возрасни групи?

Советниците за вакцинација на Американската администрацијата за храна и лекови во петокот одбија да препорачаат агенцијата да одобри ревакцинација за секој што бил вакциниран против Ковид-19 пред шест месеци или повеќе.

Агенцијата препорача трета доза на вакцината во намален обем: итно одобрување за лица над 65 години, за лица со висок ризик и здравствени работници и други кои се изложени на висок ризик од инфекција на работа.

Зошто третата (бустер) доза не е одобрена за секого?

„Планираната цел на оваа вакцина беше заштита од посериозна болест“, вели д -р Пол Офит, професор по педијатрија во детската болница во Филаделфија. „Податоците покажуваат дека вакцините го прават токму тоа“, додаде тој.

Иако „Фајзер“ рече дека вакцината спречува сериозна форма на болест, хоспитализација и смрт во САД со ефикасност од дури 90 проценти, компанијата сега вели дека тоа можеби нема да потрае долго, пишува Си -Ен -Ен.

Од Агенцијата не гледаат доволно докази за да одобрат ревакцинација

„Мислам дека засилувачката доза треба да им се даде на постарите лица и оние кои се изложени на висок ризик за заболување, но ја споделувам загриженоста на моите колеги за недостатокот на безбедносни податоци“, вели д -р Марк Соер, професор по клиничка педијатрија на Универзитетот Калифорнија, Сан Диего.

Д -р Мајкл Курила, специјалист за заразни болести, вели дека се сомнева дека Фахзер отишол предалеку во екстраполација на податоците од постарата популација за помладата популација.

„Затоа, нејасно е дали на сите им е потребна ревакцинација. Според мое мислење, не е јасно дали податоците кои ги добивме се применливи за општата популација “, тврди Курила.

Потребни се многу повеќе податоци

Филип Краузе, заменик директор на Бирото за вакцини на Агенцијата за храна и лекови на САД, истакнува дека Фајзер користел податоци кои не биле научно прегледани.

„Еден од проблемите е што многу податоци не се презентирани, не прегледани и Администрацијата за храна и лекови не ги прегледала тие податоци“, вели Краузе.

Краузе, заедно со друг претставник на Агенцијата за храна и лекови на САД, Марион Грубер, објавија труд објавен во Лансет, во кој се вели дека е премногу рано да се даде зголемена доза.

Курила истакна дека студиите на Фајзер во голема мера се потпираат на мерења на антитела, без да разгледаат други важни аспекти на имунолошкиот одговор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП