20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОва е најбогатиот Европеец

Ова е најбогатиот Европеец

ing1

Најбогатиот Европеец, 86 годишниот Швеѓанец Ингвар Кампард кој живее во Швајцарија, основач на познатата ИКЕА, е тежок 35 милијарди швајцарски франци.

Според ранг листата на швајцарскиот магазин Биланто, на второто место на листата на најбогати Европејци во минатата година е 76 годишниот Шпанец Амансио Ортега, мнозински сопственик на „Inditeks“.

На трето место е германското семејство Бреникмрејер, кое го поседува ланецот продавници за облека „C&M“, со вкупно богатство од 27 милијарди евра.

Во стотината најбогати Европејци спаѓаат оние чие богатство надминува најмалку пет милијарди евра, меѓу кои се наоѓаат 28 Германци, 26 Руси, како и девет граѓани на Франција и Швајцарија.

Швајцарското семејство Хофман и Оери, акционери во швајцарската компанија „Roche“ се најдобро пласираните швајцарски претставници. Потоа следи Ернесто Бартарели, со вкупно богатство од 10,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП