29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвој гигант може да ја турне Кина на колена: Слично како што...

Овој гигант може да ја турне Кина на колена: Слично како што Lehman Brothers ја покренаа кризата во САД во 2008 година

Презадолжената кинеска компанија за развој на недвижности „Evergrande Group“ не треба да очекува помош од владата, сметајќи дека е премногу голема за да се дозволи нејзин колапс, предупреди главниот уредник на кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

Evergrande мора да бара спас на пазарот, а не во владата, рече Ху Сијин на WeChat.

Според него, потенцијалниот банкрот на Evergrande веројатно нема да предизвика бура во финансискиот систем, како што се случи по распадот на американскио Lehman Brothers, бидејќи тоа е компанија за развој на недвижности, а не банка.

Имаат обврски на износ од 305 милијарди долари

Ова е прв коментар во државните медиуми во кој владината помош за втората по големина компанија за развој на недвижности во Кина е доведена во прашање, забележува Ројтерс.

Global Times е државен таблоид објавен од People’s Daily на Комунистичката партија и неговите ставови не мора да го одразуваат мислењето на владата.

Evergrande се обидува да собере пари за да ги подмири обврските кон голем број заемодавачи и добавувачи, а регулаторите предупредија дека нејзините обврски од 305 милијарди долари може да претставуваат поголем ризик за кинескиот финансиски систем, ако не се стабилизира.

Заканата за банкрот го притиска кинескиот јуан

Државата им порача на главните заемодаватели на Evergrande да ги продолжат роковите за отплата на каматата или да ги репрограмираат кредитите, а и набљудувачите на пазарот се повеќе се склони да проценат дека се мали шансите дека државата директно ќе му помогне на проблематичниот гигант за недвижности.

Компанијата мора да плати 83,5 милиони американски долари во камата на 23 септември за обврзница која доспева во март 2022 година и 47,5 милиони американски долари камати на 29 септември за должнички хартии од вредност кои доспеваат во март 2024 година.

Evergrande има повеќе од 1.300 проекти за развој на недвижнини во повеќе од 280 градови, а заканата од банкрот го притиска врз кинескиот јуан и ја поткопува довербата во кинескиот имот воопшто, забележува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП