24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНе се прашува за цената на луксузна стока

Не се прашува за цената на луксузна стока

lux

Лондонски Економист наведува дека цените на скоро сите „колекционерски“ стоки се зголемиле во 2013-та година.

На пример, 50-те највредни марки на луксузни автомобили постигнаа раст на цената од 53 проценти во последните две години.

Старото вино, уметнички дела, ретките поштенски марки и пари, па дури и старите гитари и виолини, сите овие предмети добија на вредност во последно време, како да не е криза.

Економист ги спореди индикаторите на секоја од овие категории и направи таканаречен „индекс на вредност“, за да се направи нивниот удел во побарувачката на богатите луѓе.

Резултатите покажаа дека 36 проценти заземаат вредните уметнички дела (слики,скулптури), 25 проценти старите автомобили, 17 проценти припаѓаат на нумизматиката, 10 проценти на старите врвни вина, а по шест проценти заземаат поштенските марки и гитарите и виолините.

Само за споредба цената на овие предмети на нивните пазари од 2003-та година покажува раст од 211 проценти во последната деценија, односно 54 проценти во последните четири години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП