
Ве покануваме да ги отворите срцата и колку што сте во можност да донирате храна, облека или финансиски средства за 9 членото семејство од с.Црешнево во Македонски Брод. Седумте малолетни дечиња живеат во екстремна сиромаштија и го немаат детството кое што секое дете заслужува да го има. Затоа е и овој повик за донации со кои сакаме барем малку да им го олесниме нивното трогателно секојдневие и да ја вратиме насмевката на детските лица.
А тие насмевки немаат цена!

