19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ одвои 34 милијарди евра за борба против коронавирусот во земјите партнери

ЕУ одвои 34 милијарди евра за борба против коронавирусот во земјите партнери

Од почетокот на пандемијата, Европската унија (ЕУ) преку своите членови и финансиски институции одвои 34 милијарди евра за борба против коронавирусот во земјите партнери, според Европската комисија (ЕК).

Програмата „Team Europe“ мобилизираше 46 милијарди евра финансиска помош за 130 земји. Веќе се обезбедени 34 милијарди евра за различни потреби, како што се подобрување на здравствената заштита, средства за социјална поддршка, вклучително и за оние што останаа без работа и подобрување на образованието.

„Team Europe“ обезбеди 3 милијарди евра за испорака на вакцини во сиромашните земји преку иницијативата КОВАКС.

Програмата „Team Europe“ беше формирана во април 2020-та година, со почетен буџет од 20 милијарди евра, од општиот буџет на ЕУ, земјите од заедницата и различни институции. На крајот, сепак, финансиските обврски беа двојно зголемени.

Најголемиот дел од парите во рамките на оваа програма се наменети за земјите вклучени во политиката на соседството на ЕУ. Тоа се Алжир, Мароко, Египет, Израел, Либан, Либија, Јордан, Палестина, Сирија, Тунис (јужно партнерство) и Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Украина, Грузија и Молдавија на исток. За нив се наменети вкупно 13,8 милијарди евра, од кои 10,3 милијарди евра се веќе испорачани.

Земјите од Западен Балкан и Турција добиваат вкупно 5,8 милијарди евра (4,9 милијарди евра се веќе испорачани). За субсахарска Африка се наменети 8,1 милијарди евра, од кои 6,7 милијарди евра се веќе распределени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП