23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк пере пари - буквално

Бундесбанк пере пари – буквално

Кога банкнотите ќе се извалкаат, германската централна банка, Бундесбанк, ги чисти.

Оваа година, поради поплавите во јули, тие имаат полни раце работа.

И во вистинска смисла на зборот.

Имено, експерти во банката мијат, сушат и проверуваат банкноти. Во исто време, тие мора да бидат брзи за да не се залепат банкнотите една со друга, пишува Дојче веле.

Оваа година тие имаат полни раце работа бидејќи многу банкноти доаѓаат од поплавените подрачја во западна Германија. Во банката веќе се донесени околу 50 милиони евра.

Исчистените банкноти се враќаат на сопственикот, а оваа услуга на централната германска банка е бесплатна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП