3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАуди број 1 во светот во месец Јули

Ауди број 1 во светот во месец Јули

audi

Борбата за прво место помеѓу производителите на луксузни автомобили заврши со победа на Ауди кој во месец јули беше прв на листата на најпродавани премиум производители пред БМВ и Мерцедес.

Ауди имаше успешен почеток на втората половина од годината, со околу 131.300 продадени возила во тек на месец јули, што претставува пораст од 9,8% во однос на минатата година. Овој автомобилски бренд веќе два пати за период од три месеци се најде пред БМВ кој во јули продаде 128.594 возила. Мерцедес, кого според резултатите Ауди го остави зад себе уште во 2011 година, кој во истиот месец продаде 116.790 возила.

На светско ниво Ауди продаде околу 911.800 возила во првите седум месеци од годината со што веќе станува извесно дека ќе ја оствари првобитната стратешка цел – продажба од 1,5 милиони автомобили во 2013година. Ваквите бројки се потполно во склад со напорите на Ауди брендот до 2020 година да го премине прагот од два милиони продадени возила во текот на една година. Најголеми придвижувачи на растот во моментов се А3 и Q3, но и останатите модели од SUV сегментот.

Ауди веќе 6-та година по ред е лидер и најпродаван бренд на македонскиот пазар во сегментот на луксузни автомобили.

Во 2012 брендот со четири прстени има продадено преку 1.455.123 милиони возила. Компанијата е присутна во повеќе од 100 земји и вработува повеќе од 70.000 луѓе ширум светот. Компанијата планира инвестиции од приближно 11 милијарди евра до 2015 – воглавно во нови производи и одржливи технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП