29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст во третиот квартал за германската економија

Раст во третиот квартал за германската економија

Германската економија забрза во третиот квартал, но растот најверојатно ќе ослабне во последните три месеци од оваа година, објави Министерството за економија.

Индустриското производство повторно порасна на почетокот на третиот квартал, за 1,3 проценти во јули во однос на претходниот месец, соопшти Министерството.

Ситуацијата во услужниот сектор исто така е подобрена, и покрај повторениот раст на бројот на лица заразени со Ковид -19, додаваат тие.

„Севкупно, економската активност најверојатно ќе се зголеми значително во третиот квартал“, рече министерството во месечниот преглед на состојбата во економијата.

Меѓутоа, на крајот на годината, економските изгледи би можеле да бидат намалени со новите мутации на коронавирусот, од кои се стравува во услужниот сектор, и продолжување на проблемите со снабдувањето во индустријата.

„Нормализација на растот е на повидок во четвртиот квартал“, рече министерството, предупредувајќи на континуираната голема неизвесност што понатамошното ширење на нови вирусни мутации и нивното влијание врз динамиката на инфекцијата го носи врз економијата“, се вели во соопштението.

Најголемата европска економија порасна 1,6 проценти од април до јуни од претходните три месеци, послабо од многу други во Европа, бидејќи заздравувањето на пандемијата беше попречено од недостаток на полупроводници и други посредници, забележува „Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП