28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street падна, инвеститорите несигурни

Wall Street падна, инвеститорите несигурни

На Wall Street во вторникот, цените на акциите паднаа бидејќи инвеститорите не беа сигурни поради забавувањето на економското закрепнување, натамошното ширење на delta варијантата на коронавирусот и најавата за зголемување на даноците.

Dow Jones се лизна 292 поени, или 0,84 проценти, на 34.577 поени, додека S&P 500 падна за 0,57 проценти, на 4.443 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,45 проценти, на 15.037 поени.

На самиот почеток на вчерашното тргување, овие индекси пораснаа бидејќи инвеститорите беа охрабрени од малку послабите податоци за инфлацијата отколку што се очекуваше.

Во август потрошувачките цени пораснаа за 0,3 проценти во однос на претходниот месец, и 5,3 проценти во споредба со август минатата година. Иако инфлацијата останува многу висока, инвеститорите се надеваат дека таа е, како што велат челниците на американската централна банка, привремена.

Но, подоцна, индексите на берзите паднаа на негативна територија, бидејќи инвеститорите стравуваат од натамошно забавување на закрепнувањето на економијата, со оглед на континуираното ширење на делта варијантата на коронавирус.

Извештаите за потрошувачката на малона потрошувачите во САД, исто така, ќе бидат објавени оваа недела, кои ќе покажат дали ширењето на делтата вирусот влијаело на побарувачката.

Инвеститорите се фокусираат и на предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за буџетски пакет од 3,5 трилиони долари, кој вклучува зголемување на данокот на претпријатија од 21 на 26,5 проценти.

Предложените даночни промени, според аналитичарите на Голдман Сакс, би можеле да ја намалат заработката на компаниите од индексот S&P 500 следната година за приближно 5 проценти.

Така, вчера продолжи лизгањето на цените на акциите, кое, со кратки паузи, трае веќе десетина дена. Од почетокот на месецот, индексот S&P 500 ослабе за 1,8 проценти. Но, од почетокот на годината, тој сеl уште во позитива од 18 проценти.

„Можно е пазарот да е подготвен за корекција на цените на акциите, со оглед на нивниот силен раст од почетокот на годината. Повеќето економски показатели се послаби од очекуваното, што се совпаѓа со ширењето на делта варијантата на вирусот “, вели Пол Нолте, портфолио менаџер во Kingsview Asset Management.

И на повеќето европски берзи, цените на акциите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс падна за 0,49 отсто, на 7.034 поени, а парискиот CAC 0,36 отсто, на 6.652 поени. Франкфуртски DAX, пак, зајакна за 0,14 отсто, на 15.722 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП