26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали се очекува скок на цените на половните автомобили и кај нас

Дали се очекува скок на цените на половните автомобили и кај нас

Недостатокот на полупроводници (микрочипови) создаде хаос на светскиот автомобилски пазар. Поради намалениот производствен капацитет, новите автомобили се чекаат со месеци, така што има се повеќе нестрпливи купувачи кои се решаваат да изберат половен автомобил. Овој раст на побарувачката за користени возила ја зголеми нивната цена низ цела Европа.

Веќе пишувавме за непријатната ситуација на светскиот пазар и на користени и на нови автомобили, но се чини дека овие проблеми полека стигнуваат и кај нас.

Дилерите предупредуваат дека користените автомобили може да поскапат. На пример, во Германија се случува парадокс каде половните возила кои се користени до една година се поскапи од цената за која се купени. Поголемата побарувачка за половни автомобили доведе до помала понуда, така што има се помалку и помалку користени автомобили за извоз. Веќе се создаваат долги листи на чекање за нови автомобили, па голем број купувачи спасот го бараат во половните автомобили.

Во меѓувреме, саемот за автомобили во Минхен покажа во која насока оди автомобилската индустрија, бидејќи таму речиси никој не нуди возила со дизел и бензин. Фокусот е целосно на електрични автомобили, но исто така нема чипови за овие возила, па и тие се чекаат долго време.

Според експертите, сите овие настани кај нас ќе доведат до две работи – нема да има добри и квалитетни половни возила од увоз, а според изјавите на некои од дилерите, цената на половните автомобили може да се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП