26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБилатерален состанок на Американско-Грчката стопанска комора и АмЧам Северна Македонија во рамки...

Билатерален состанок на Американско-Грчката стопанска комора и АмЧам Северна Македонија во рамки на Енергетскиот форум на Југоисточна Европа во Солун

Минатиот петок, на 10ти септември 2021, за време на петтиот Енергетски форум на Југоисточна Европа (СЕЕФ) во Солун, се одржа билатерална средба помеѓу Американските стопански комори на Грција и Северна Македонија. Петтиот последователен Енергетски форум на Југоисточна Европа (СЕЕФ) беше организиран од страна на Американско–грчката стопанска комора и Грчката асоцијација за енергетска економија во соработка со Амбасадата на САД во Грција и со стратешкото партнерство на Атлантскиот совет и Стопанската комора на САД.

АмЧам во своите заложби за зајакнување на регионалната соработка и зголемување на потенцијалните деловни можности, основата за просперитет и економски раст ја гледа во регионалната стабилност и конвергенцијата на економиите на Западен Балкан и нивната интеграција во евроатлантската рамка.

Поагајќи од важноста на билатералната соработка помеѓу соседните земји, претставниците на Одборот на директори од двете канцеларии на АмЧам на состанокот ги потврдија активностите за кои дискутираа во текот на изминатите неколку месеци. На состанокот присуствуваа претседателот на Управниот одбор Николаос Бакацелос, потпретседателот Василис Кафатос и извршниот директор Елијас Спиртунијас – како претставнци на АмЧам Грција, и претседателот на Управниот одбор Маја Филипчева, потпретседател Никола Љушев, секретар-благајник Драган Давитков и извршениот директор Јелена Арсовска – како претставници на АмЧам Северна Македонија.

Продлабочената соработка на двете АмЧам канцеларии е насочена кон иницирање заеднички проекти и активности за унапредување на регионалната соработка, проширување на трговските односи, и зголемување на меѓусебната поврзаност на деловната заедница во двете земји.

Г-дин Никос Бакацелос, претседател на АмЧам Грција како домаќин на оваа средба изјави: “Американско-грчката стопанска комора е посветена на создавање партнерства што водат кон развој на меѓународниот бизнис. Во тој контекст, состанокот помеѓу АмЧам Грција и АмЧам Северна Македонија за време на 5-тиот Енергетски Форум на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа и делегации на американските амбасади во овие две држави, резултираше со развој на патоказ што ќе им овозможи на членовите на двете комори да комуницираат и да соработуваат. Во склоп на оваа заеднички договорена рамка, првата активност ќе биде трговска делегација од Грција во Северна Македонија во текот на месец октомври “.

Маја Филипчева, претседател на АмЧам Северна Македонија, го потенцираше значењето на поддршката од нашите соседи во ЕУ која е важна за нашата регионална економска интеграција, привлекување инвестиции и зголемување на конкурентноста пред формалното вклучување на пазарот во ЕУ. Таа изјави: „Корпоративниот свет отсекогаш имал корист од споделување на знаење, како и од поддршка од поголемите и поразвиени пазари, а во овој случај е добро што можеме да се потпреме на нашите колеги од АмЧам Грција. Ваквата синергија ќе придонесе за паметни инвестиции, диверзификација на енергија, проширување на деловните операции и подобрување на трговијата со стоки и услуги во двете на земји“.

Нагласувајќи го значењето на унапредување на регионалната соработка, на оваа средба присуствуваа амбасадорот на САД во Северна Македонија, г -ѓа Кејт Мери Брнс, заменик-шефот на мисијата во Грција, г -дин Дејвид Бургер, и заменик-помошникот секретар на Бирото за енергетски ресурси, г-дин Курт Донели, кои ја истакнаа важноста гласот на бизнисите да биде слушнат, со цел тие да можат да дејствуваат и да преземат чекори кон обликување на иднината на Југоисточна Европа преку зајакнување на нивните меѓународни врски.

*****

АмЧам Грција и АмЧам Северна Македонија се акредитирани членови на Стопанската комора на САД и активни членови на АмЧам Европа – организација која вмрежува 46 американски стопански комори кои претставуваат повеќе од 17.000 американски и европски компании, вработувајќи 20 милиони работници и учествуваат со инвестиции од повеќе од 1,1 трилиони долари од двете страни на Атлантикот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП