20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудената зима може да ја крене цена на нафтата над 100 долари...

Студената зима може да ја крене цена на нафтата над 100 долари за барел

Зголемувањето на цените на нафтата, кое започна во април 2020-та година, изгуби импулс во летните месеци оваа година, но може да продолжи во текот на зимата.

Цената на „црното злато“ може да надмине и 100 американски долари за барел, ако температурите во текот на зимската сезона се покажат пониски од очекуваното, се наведува во анализата на „Bank of America“, цитирана од „Marketwatch“.

Утрово, американскиот фјучерс на лесна сурова нафта порасна за 1,5 отсто, на 70,75 долари за барел, додека нафтата од типот Брент додаде 1,3 отсто, на 73,84 долари за барел.

Според експертите на „BoA“, зголемените приноси од Саудиска Арабија и другите земји на ОПЕК + до одреден степен го неутрализираа растот на побарувачката во последните месеци.

Но, во услови на зголемени цени за природен гас и други извори на енергија, студената зима може да доведе до нови поскапувања на нафтата, според прогнозата на финансиската институција.

Експертите потсетуваат дека Азија сѐ уште има 1,5 милиони барели дневно неискористен капацитет за производство на нафта. Доколку овие количини ги бара пазарот, тие секако ќе ја поддржат цената. Во Европа, неискористениот капацитет изнесува 300.000 барели дневно, а американските електрани исто така во моментов не работат со полн капацитет.

Индустријата исто така може да генерира дополнителна побарувачка, бидејќи студеното зимско време може да доведе до зголемување на потрошувачката на ТНГ, керозин и други горива за греење, особено во САД и Јапонија.

Експертите од „Goldman Sachs“ предупредуваат дека доколку преговорите за иранската нуклеарна програма пропаднат и земјата повторно се изолира од светскиот пазар, цената на нафтата може драстично да порасне.

Анализата на инвестициската банка покажува дека во моментов има недостаток на нафта на пазарот, и само во Кина акциите остануваат над нивото пред појавата на пандемијата со Ковид-19.

Според нив, нафтата ќе достигне цена од најмалку 80 долари за барел во последниот квартал од оваа година, а трендот во 2022-ра година ќе остане нагорен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП