3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобро платените диџеи во последната година

Најдобро платените диџеи во последната година

Списание „Forbes“ ја објави својата втора годишна листа на најдобро платените диџеи во светот. Изданието го подготви ова рангирање врз основа на приходите на диџеи од настапите, рекламните договори, продажбата на сувенири, продажбата на музика, бизнис потфати и настапи на телевизија.

Несомнено број еден минатата година беше „Tiesto“, но оваа година тој беше симнат од првото место. Видете кој го претекна и кои се десетте најдобро платени диџеи во светот:

9. „Kaskade“ – 16 милиони долари.

pumu10

На 42-годишна возраст, тој е еден од постарите диџеи во рангирањето, но „Kaskade“ не отстапува по ништо од помладите. Тој има над 130 настапи во последната година, а голем дел од нив се од негова турнеја „Freaks of Nature Tour“. Тој е еден од првите електронски диџеи кои си создаваат име во Лас Вегас. Во 2010-та година тој потпиша договор со „Encore Beach Club“, а во моментов редовно пушта музика во елитниот клуб „Marquee“ во хотел „Cosmopolitan“ во Лас Вегас.

9. „Skrillex“ – 16 милиони долари.

pumu9

„Skrillex“ добива шестцифрена сума за учества во целиот свет и најмногу во ноќниот клуб „XS“ во хотел во Лас Вегас. Тој, исто така, заработува и од продажба на музика, откако оваа година освои три „Grammy“ награди.

8. „Armin van Buuren“ – 17 милиони долари.

pumu8

„Armin van Buuren“ одамна е прогласен за еден од најдобрите во жанрот. Тој има неделен радио пренос кој се нарекува „A State of Trance“, а во последната година имаше речиси 120 настапи од Куала Лумпур до Оукланд. Во мај го издаде својот петти студиски албум „Intense“. „Armin van Buuren“ е пријател на холандското кралско семејство и настапи за време на крунисувањето на холандскиот крал Вилем-Александар во мај.

7. „Afrojack“ – 18 милиони долари.

pumu7

Ник „Afrojack“ ван де Вал изгледа ужива целосно во финансиските можности. Тој си купи „Ferrari 458“ во февруари. На само 25-годишна возраст Холанѓанецот веќе има продуцирано песни за ѕвезди како „Pitbull“ и Крис Браун, а исто така поседува и сопствено студио за снимање.

6. „Avicii“ – 20 милиони долари.

pumu6

Со своите 23 години шведскиот диџеј е најмладиот во рангирањето. Тој научил како да продуцира музика со пиратски софтвер во својата детската соба. Се очекува да го објави својот деби албум „True“ во септември. Главниот сингл – „Wake Me Up“, веќе има над 1,7 милиони преземања на глобално ниво.

5. „Deadmau5“ – 21 милиони долари.

pumu5

„Deadmau5“ заработи многу пари, иако бројот на учества му е половина во споредба со некои од останатите диџеи во рангирањето. Тој сепак добива над 200.000 долари на вечер во клубот „Hakkasan“ во Лас Вегас и во други клубови и фестивали низ целиот свет. Тој, исто така, добива приходи од продажбата на музика.

4. „Swedish House Mafia“ – 25 милиони долари.

pumu4

Тројцата членови на „Swedish House Mafia“ ставија крај на групната кариера во март оваа година. Тие сепак успеаа да проработат доволно за да влезат во првата петорка на листата.

3. Давид Гета – 30 милиони долари.

pumu3

Давид Гета се издигна од париските ноќни клубови до еден од најдобрите диџеи во светот. На 45-годишна возраст Гета не покажува знаци за забавување на темпото. Тој има 120 настапи во изминатата година.

2. „Tiësto“ – 32 милиони долари.

pumu2

Холандскиот диџеј е во бизнисот со децении, има над 140 настапи годишно и заработува повеќе од било кога. Ова лето „Tiësto“ склучи договор со ноќниот клуб „Hakkasan“ во Лас Вегас, откажувајќи се од вообичаените учества во Ибица.

1. Калвин Харис – 46 милиони долари.

pumu1

Харис има заработено повеќе од Џеј Зи и Кејти Пери во изминатата година и за прв пат во својата кариера ја предводи листата на најдобро платените диџеи. Во февруари тој потпиша договор за над 70 учества во рок од две години во ноќниот клуб „Hakkasan“. Тој исто така има приходи од продукција на песни за изведувачи како Ријана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП