29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако да ги намалите сметките за електрична енергија: Со неколку трикови ќе...

Како да ги намалите сметките за електрична енергија: Со неколку трикови ќе потрошите многу помалку – обрнете посебно внимание на 1 работа!

Постудените месеци и грејната сезона се приближуваат, а со овие совети ќе ја намалите потрошувачката на електрична енергија и ќе заштедите пари.

Покрај зимата, по правило доаѓаат и повисоки сметки за електрична енергија. Меѓутоа, со некои навики, сепак можеме да ја намалиме потрошувачката во наредните месеци.

Една од главните работи е правилната и рационална употреба на апаратите кои се големи потрошувачи, а кои вклучуваат машини за перење, климатизери, ТА печки, шпорети и рерни, фрижидери, замрзнувачи … Оние, на пример, кои се догреваат со клима, може да заштедат до 3 проценти со намалување на температурата. Од друга страна, „малите нешта“ како што се користење на штедливи сијалици и отстранување на полначите од штекери може да направат видлива разлика во трошоците.

За рационално користење на електричната енергија, еден од советите е внимателно да ги планирате своите оброците. Што значи дека треба да се фокусирате на готвење оброци на големо, за неколку дена однапред, што ќе избегне вклучување на шпоретот секој ден. Слично е и кога станува збор за машини за перење и машини за миење садови. Не брзајте да ги вклучите додека не се пополнат целосно, бидејќи овие уреди користат иста количина електрична енергија, без оглед на количината на нештата во нив.

Кога станува збор за фрижидерот, внимавајте да не го држите долго отворено, бидејќи ќе влезе топлина во него и ќе мора да користи дополнителна количина електрична енергија за ново ладење. Сте го слушнале барем еднаш советот за гасење на сијалиците, затоа обидете се да го изгасите светлото зад вас насекаде во станот каде што не ви е потребно. Ако сте во можност, исто така се препорачува да инсталирате LED светилки за заштеда на енергија.

Многу луѓе ги мачи прашањето кога е најидеално да се вклучи бојлерот, и како што советуваат експертите, поради неговата голема потрошувачка, најдобро е да се загрева исклучиво ноќе. Исто така, важно е редовно да се чисти од бигор, бидејќи тоа доведува до побавно загревање на водата, а со тоа и до поголема потрошувачка на енергија.

Уредите гасете ги од штекер

Многумина не обрнуваат внимание на ова. Но, ако не користите некои од уредите, како што е компјутерот, задолжително исклучете ги. Ако треба да остане вклучен, тогаш барем исклучете го мониторот, бидејќи најголемата потрошувачка на енергија на компјутерот отпаѓа на тој уред.

Честопати забораваме да ги извадиме уредите од штекерите. Полначите, но и многу други електрични уреди како што се телевизорите, трошат електрична енергија дури и кога се само вклучени само во штекер. Во случајсо телевизорот, можете така да потрошите за 24 проценти помалку електрична енергија.

Начинот на кој ја проветрувате просторијата, исто така, значително влијае на потрошувачката на енергија. За време на постудените денови, се препорачува почесто да го отворате прозорецот, но во пократки интервали за да влезе свеж воздух во просторијата. Во тој случај, топлината нема време целосно да „избега“ од собата и нема да има потреба да се дозагрева. Исто така, ако можете, секогаш избирајте туширање наместо бањање. За едно бањање во бањата се користи вода како за 3 туширања. Кога гледамеза туширањето, и тука треба да се направат некои корекции. Скратете го времето на туширање на помалку од пет минути и ќе потрошите половина електрична енергија и вода од вообичаено, а камоли во споредба со капењето во када.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП