20 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕМелем за изгореници

Мелем за изгореници

Доколку се изгорите, подобро е веднаш по настанувањето на оваа непријатна состојба на тоа место на кратко да пуштите ладна вода, а потоа млака, со цел да се потикне циркулацијата. Потоа треба да се намачкате со овој едноставен домашен мелем од свинска маст, белка од јајце и ракија.

Никојпат спасот не го барајте само во ладната вода, бидејќи тоа е моментална помош која делува така што ја лади кожата, ја намалува болката и ги смирува нервите, но пликовите сепак ќе се појават, и токму затоа потоа ви е потребен овој домашен мелем.

При изгоренци експертите за народна медицина советуваат да направите домашен мелем кој многу лесно се подготвува: 3 полни лажици свинска маст, кои ќе ги исплакнете со млаз ладна вода, а потоа ќе ги помешате со една белка од јајце и една чашка домашна ракија. Изматете ја смесата со миксер додека не добиете компактна хомогена смеса, како шлаг.

Вака подготвениот мелем е делотворен при изгореници од масло, од рерна, врела вода, жар, сонце или слично бидејќи ја стимулира регенерацијата на кожата, не предизвикува болки и ја спречува појавата на лузни.

Изгореното место треба да го мачкате три до четири пати секој ден во тенок слој. Мелемот може да го чувате во фрижидер до 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП