26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКога е безбедно да јадете храна која ја зафатила мувла?

Кога е безбедно да јадете храна која ја зафатила мувла?

Главно во моментите кога најмногу ни се јаде забележуваме мали темни точки на намирниците. Честа пракса е да го отсечеме тој дел и да го изедеме делот на кој нема мувла, но дали е навистина безбедно да го правиме тоа?

Бизнис инсајдер наведува неколку намирници кои најчесто ги јадеме а кои се најмногу склони да се појави мувла и пишува што треба да се направи во тој случај.

Ако станува збор за леб…

Фрлете го. Мувлата има долги корени кои длабоко се инфлитрираат во воздушестите пецива како што е лебот. Иако ќе се обидете да го фрлите делот на кој е видлива мувлата, сепак бидете свесни дека таа е многу подлабоко прошиена иако тоа не го гледате.

Ако станува збор за чедар

Овој вид на кашкавал може да го јадете откако ќе го отстраните горниот дел со мувла. За разлика од лебот, чедарот и пармезанот имаат поцврста структура и мувлата не може да се прошири така лесно.

Ако станува збор за сирење

Кај намирниците како сирење со висока содржина на влага мувлата може да се најде и под надворешната површина. Ако се појави мувлата во садот каде што стои сирењето, тогаш тоа не е повеќе за јадење.

Ако станува збор за пиперки или моркови…

Зелката, морковите, пиперките, компирот и јаболките спаѓаат под категоријата на намирници кои можат да се јадат откако ќе се отстрани горниот дел на кој се наоѓа мувлата. Ако, од другта страна, садот или кесата во која стојат морковите е влажна и се чувствува миризбата на мувла, фрлете ја целата кеса.

Ако станува збор за домат или праска…

По правило мекото овошје и зеленчук се чувствителни на мувла и треба да ги фрлите. Но повеќето луѓе со децении ги јадат откако ќе го отстранат расипаниот дел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП