28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Кјуби Македонија“ ребрендирана во „Осигурување Македонија“

„Кјуби Македонија“ ребрендирана во „Осигурување Македонија“

kjubi

Домашната компанија „Осигурување Кјуби Македонија“ (QBE Македонија) во иднина ќе го носи името „Осигурување Македонија – Виена Иншуренс Груп“.

Промената е резултат на купувањето од страна на „Виена Иншуренс Груп“ (Vienna Insurance Group (VIG), австриската групација базирана во Виена која сега е нов сопственик на поранешното Кјуби Македонија.

Промената на името на Друштвото, исто така, резултира и со процес на ребрендирање.

– Убеден сум дека промените во компанијата ќе придонесат за понатамошен одржлив развој на „Осигурување Македонија“. Нашите клиенти можат да се потпрат на цврст осигурувач што поседува докажана стабилност, финансиска безбедност и професионална стручност низ својата долга историја.

Засилени од професионалниот капацитет на „Виена иншуренс груп“ ќе продолжиме во таа насока, оценува во соопштение Бошко Андов, генерален менаџер на „Осигурување Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП