25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо крајот на деценијата може да стане петтиот најголем извозник на нафта

До крајот на деценијата може да стане петтиот најголем извозник на нафта

Бразилската нафтена индустрија апсолутно експлодираше во последниве години, а сега оваа латиноамериканска земја може дури и да се вклучи во листата на топ 5 светски производители.

За нешто повеќе од една деценија, најголемата економија во Латинска Америка стана водечки светски производител на нафта. На крајот на 2020-та година, Бразил не само што извлече најмногу нафта на тој континент, во просек 3,03 милиони барели дневно, туку заврши и на седмото место меѓу најголемите светски производители, зад Ирак и пред ОАЕ.

Според бразилскиот министер за рударство и енергија, најголемиот производител на нафта во Јужна Америка ќе стане петтиот најголем извозник на нафта во светот, до крајот на оваа деценија. Бразилската влада предвидува дека земјата ќе испумпува 5,3 милиони барели нафта дневно до 2030-та година, што значително ќе го олесни нејзиното зголемување на извозот.

И покрај политичките превирања и Ковид-19, производството продолжува да расте.

Податоците од бразилската Национална агенција за нафта, природен гас и биогорива покажуваат дека до јули 2021-ва година, земјата пумпала во просек 3,9 милиони барели еквивалент нафта дневно, што претставува зголемување од 4 % во однос на претходниот месец и 0,6 % во споредба со година порано.

Гигантското нафтено поле „Тупи“ испумпа повеќе од 2 милијарди барели сурова нафта од почетокот на производството во 2010-та година и е најголемото производствено поле во Бразил, кое испумпуваше 916.826 барели нафта дневно во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП