25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМинхенска премиера - Електричниот „Mercedes EQB“ (ФОТО/ВИДЕО)

Минхенска премиера – Електричниот „Mercedes EQB“ (ФОТО/ВИДЕО)

Уште еден електричен теренец на „Mercedes“ е изложен на тековниот саем на автомобили во главниот град на Баварија.

„Mercedes EQB“ ја имаше својата онлајн премиера оваа пролет, а сега овој теренец, кој е електрична верзија на конвенционалниот „GLB“ модел, беше претставен на јавноста на настанот „IAA Mobility“, бидејќи официјалното име на меѓународниот автомобилски саем од Франкфурт, каде се одржуваше веќе седум децении, се пресели во Минхен.

Должината на возилото е 4.684 мм, клиентите имаат можност од три реда седишта, иако последниот е наменет исклучиво за помали луѓе (до 165 см) или деца.

Волуменот на багажникот е 495-1,710 литри во конфигурација со пет седишта.

Основната варијанта што ќе биде достапна за клиентите во Европа – „EQB 300“ има 224 ks (165 kW) и максимален вртежен момент од 390 Nm.

За оние кои сакаат уште помоќен автомобил, достапен е „EQB 350“ со 292 ks (215 kW) и 521 Nm.

Батеријата има капацитет од 66,5 kWh, а проектираната автономија при возење е до 420 километри (според „WLTP“).

Инаку, двата модели имаат два електромотори и погон на сите тркала, а подоцна се планира подостапна верзија, со помала моќност и со еден мотор.

„Mercedes“ објави дека послабиот модел забрзува од 0-100 km/h за точно 8 секунди, додека податоците за забрзувањето на помоќниот „EQB 350“ не се објавени.

Максималната брзина на двете варијанти е ограничена на 160 km/h.

„Mercedes EQB“ ќе пристигне во изложбените салони до крајот на оваа година или почетокот на следната година, до кога се очекува да бидат познати цените ова возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП