25 април, 2024
ПочетнаКОРОНАСтудија на ЦДЦ: Веројатноста за смрт е 11 пати поголема кај невакцинираните

Студија на ЦДЦ: Веројатноста за смрт е 11 пати поголема кај невакцинираните

Невакцинираните луѓе имаат десет пати поголема веројатност да завршат во болница поради компликации поврзани со „Ковид-19“ во споредба со целосно вакцинирани лица, а во исто време, невакцинираните луѓе имаат единаесет пати поголема веројатност да умрат од ковид, отколку вакцинираните лица, објави Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) врз основа на три студии.

Тие, исто така, открија дека невакцинираните луѓе имале пет пати поголема веројатност да бидат заразени со коронавирус отколку вакцинираните, и дека вакцинираните луѓе имале 10 пати помала веројатност да се разболат толку лошо што треба да бидат хоспитализирани, во споредба со вакцинираните луѓе.

ЦДЦ ги проучуваше случаите на ковид, хоспитализации и смртни случаи во 13 држави. „Преку истражувањето, ние нудиме дополнителни докази за моќта на вакцината“, рече др. Рошел Валенски, директор на ЦДЦ.

„И како што потврдуваме една студија по друга – вакцинацијата делува“, додаде таа.

Но, истражувањата, чии резултати се базирани на податоци собрани меѓу 600.000 американци од 4 април до 17 јули, покажаа дека ефективноста на вакцината опаѓа откако делта варијантата стана доминантна.

Едно објаснување може да биде постепено слабеење на имунитетот, а друго дека делта успева да ги избегне замките на имунолошкиот систем на „генијален“ начин. Но, исто така, може да биде комбинација од две претпоставки.

Резултатите од студијата покажаа дека во борбата против делта варијантата од трите вакцини одобрени во Америка, на Модерна е најуспешна. Заштитува 95 проценти, Фајзер 80 и Џонсон & Џонсон 60 проценти.

Ова одговара на резултатите од помалата студија на Клиниката Мајо од август, која исто така покажа дека вакцината на Модерна штити подобро од делта отколку онаа на Фајзер.

Според ЦДЦ, 99 проценти од новите инфекции во САД сега се предизвикани од делта варијантата на коронавирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП