12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА31.9 % од Македонците го селектираат отпадот од амбалажа во нивното домаќинство...

31.9 % од Македонците го селектираат отпадот од амбалажа во нивното домаќинство покажа истражувањето на Пакомак

pl

61,4 проценти од граѓаните во Скопје го селектираат амбалажниот отпад во своето домаќинство, a 66,9 % од Македонците доброволно би учествувале во некоја еколошка акција организирана од нивната општина, покажува истражувањето спроведено за потребите на компанијата Пакомак.

 

Во периодот мај- јуни 2013, специјализираната агенција за истражување на пазарот и јавнотомислење- Брима Галуп, по налог на компанијата Пакомак, спроведе истражување за да се испита јавното мислење на теми поврзани со екологија, селектирање и рециклирање на амбалажен отпад, како и препознатливост на брендот Пакомак. Истражувањето беше спроведено со помош на различни методи на собирање податоци и даде интересни резултати,  а се истражуваа три главни пазарни сегменти – бизнис сектор, население во Македонија и население во Скопје.

Истражувањето спроведено на репрезентативен примерок од 1208 испитаници во сегментот население во Македонија,  покажа дека  31.9 % од Македонцитена некој начинго селектираат отпадот од амбалажа во нивното домаќинство, а пластика, хартија и стакло се типовите на амбалажа кои Македонците најчесто ги селектираатили сметаат дека треба да се селектираат.Најголем број или886 од испитаниците како проблем го навелеле фактот што нема посебни контејнери за селектирање на амбалажен отпад во радиус од 100 метри од местото каде што живеат, а најголем број од испитаниците исто така сметаат и дека бројот на контејнерите не е доволен. Интересен податок е тоа што Македонците се расположени за заеднички еколошки активности- близу 70 % или66,9 % од испитаниците доброволно би учествувале во некоја еколошка акција организирана од нивната општина, како чистење парк, садење дрва, чистење речно корито и слично.

Испитувањето на населението од Скопје покажало дека жителите од главниот град се еколошки совесни – високи  61,4 проценти од граѓаните во Скопје го селектираат амбалажниот отпад во своето домаќинство,речиси двојно повеќе од националниот просек!И скопјани најмногу селектираат пластика и хартија, а би селектирале и стакло како амбалажен отпад кој не сакаатда заврши на депонија туку повторно да се преработи.Интересен е фактот што и жителите на главниот град се расположени за еко-активности- дури 58,5 % од нив би учествувале во доброволна еколошка акција организирана од нивната општина.Жителите на Скопје исто така можат да се пофалат и со познавање на еко-поимите- најголем број од испитаниците  (65,2 %) се запознати со значењето на поимот рециклирање, а како најважни причини за рециклирањето ги навеле  – почистата околина, помалото загадување, заштедата на ресурси, заработката на пари и заштедата на енергија.

На најголем број од испитаниците и од Скопје и од сегментот Македонија – Пакомак им е прва асоцијација за компанија која се занимава со селекција и преработка на отпад од амбалажи.

Го инициравме ова истражување со цел подлабоко да се запознаеме со размислувањата и очекувањата на граѓаните, но и компаниите, нивните еколошки навики и нивото на еколошка свест на граѓаните . Драго ни е што истражувањето покажа дека Пакомак е прва асоцијација кога се работи за компанија- колективен постапувач со отпад, како и дека најголем број компании кои се членки на ваква компанија се клиенти на Пакомак. Ние и понатаму ќе продолжиме со нашите разновидни еко- проекти,  еколошката едукација во училиштата и градинките, се со цел подигнување на еколошката свест на сите граѓани, особено за потребата од селектирано собирање на амбалажниот отпад и негово рециклирање, бидејќи единствено на тој начин  се штедат природните ресурси кои се ограничени и можеме да се надеваме на почиста животна средина и еколошки здраваиднина за сите нас- изјави Филип Ивановски, главен извршен директор на Пакомак .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП