Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, викендов (на 20-годишнината од терористичките напади од 11 септември 2001) ќе се најде во необична улога на ТВ-коментатор на боксерскиот камбек на Ивандер Холифилд против поранешниот УФЦ-шампион, Витор Белфорт, на Флорида, и посочи дека би сакал да биде во ринг со сегашниот претседател и голем политички лидер, Џо Бајден.
На прашање со кого би влегол во рингот в сабота, 75-годишниот Трамп даде јасен одговор.

