25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„PayPal“ прави нова стратешка аквизиција во Јапонија

„PayPal“ прави нова стратешка аквизиција во Јапонија

Според „Bloomberg“, „PayPal Holdings“ објави дека ќе ја купи јапонската компанија „Paidy“ за 300 милијарди јени (2,7 милијарди долари) во обид да го зголеми присуството на пазарот на производи, од типот „купи сега, плати подоцна“.

Се очекува зделката да биде завршена во четвртиот квартал, а плаќањето ќе биде претежно во готово, соопшти „PayPal“.

Јапонија е трет по големина пазар за онлајн шопинг во светот, но исто така е еден од ретките развиени пазари каде готовината сѐ уште води. Речиси три четвртини од сите набавки во земјата сѐ уште се плаќаат во готово, соопшти компанијата.

„Paidy“ е невообичаено меѓу давателите на услуги „купи сега, плати подоцна“, бидејќи им овозможува на јапонските потрошувачи да купуваат производи преку Интернет и да плаќаат за нив лично секој месец во локалните продавници. Основана во 2010-та година, компанијата има 4,3 милиони активни сметки.

„Нема подобро место за „Paidy“ да продолжи да расте и да создава иновации од „PayPal“, кој ги елиминираше проблемите со купување преку Интернет повеќе од 20 години“, рече Расел Камер, основач и извршен директор на „Paidy“.

Од „PayPal“ велат дека Камер и Рику Суги, претседател и извршен директор на „Paidy“, ќе продолжат да го водат бизнисот. Покрај тоа, „Paidy“ ќе го задржи својот бренд и ќе продолжи да го води својот бизнис.

„Купувајте сега, плаќајте подоцна“ е опција што им овозможуваат на потрошувачите да ги поделат купувањата на помали плаќања без камата. Наместо тоа, компаниите собираат мал дел од парите од трговците на мало за такви решенија секој пат кога потрошувачот го користи производот. Употребата на такви услуги низ целиот свет се зголеми во услови на пандемскиот бум во трговијата преку Интернет.

Договорот за „Paidy“ беше склучен откако „Square“ на Џек Дорси во август објави дека ја купува австралиската компанија за слични решенија „Afterpay“ за 29 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП